Насилството врз жените не е изолирана појава или исклучок која ги засега индивидуалните права на жените и девојчињата, туку е глобален проблем и редовна појава во патријархалната матрица на стереотипни родови улоги и злоупотреба на моќ. Насилството предизвикува сериозни краткорочни и долгорочни физички, психолошки, сексуални и економски последици кај жените и сериозно го попречува нивното учеството и придонес кон општествениот развој и напредок. Токму затоа одговорноста за намалување на ризиците од појава од насилството и заштита на жените ја бараме кај локалните и националните власти кои треба да испратат јасна порака за неприфатливоста на насилството и сериозна заложба за системски промени кои ќе водат до соодветен, навремен и сеопфатен одговор кон проблемот.
Услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство
Специјализираните услуги за помош и поддршка се фокусираат на специфичните индивидуални потреби на секоја жена која преживеала некаква форма на насилство. Давателките на услуги преку своите знаења и вештини даваат приоритет на искуствата на жените кои преживеале насилство со цел превенирање од повторно враќање во насилната средина. Користејќи го овој пристап, давателките на услуги создаваат поддржувачка средина во која се почитуваат правата на жените и во која се третираат достоинствено и почитувано.
Прекини го кругот на насилство!
Имаш права, информирај се и донеси ја правилната одлука за себе и своите деца.
Насилството врз жените и децата можеме да го спречиме ако не го игнорираме, туку го пријавиме иим дадеме поддршка на жртвите да ја напуштат насилната средина. Пријавувањето на насилството е првиот чекор!

Активности

Презентирана Анализата за трошоци за услуги за РБН и СН: потребни се 0.1% од државниот буџет за одржливо државно финансирање на специјализираните услуги за жртви
На 8 мај 2026 година, во Скопје, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Одржано 14-то годишно Собрание на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
На 17 април 2026 година се одржа 14-то годишно Собрание на Националната мрежа против насилство врз

Сигурни хабови за поддршка, знаење и зајакнување на жените и девојчињата
Во текот на 2025 година, Женските центри за поддршка во Скопје и Тетово прераснаа во Женски

Од тишина во глас: Националната мрежа одбележа 15 години посветена работа против насилството врз жените
Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство на 23 декември 2025 година одбележа 15
Донирај во интервентниот женски фонд
Соопштенија за јавност
Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност
Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската
Реакција: За кого се сите овие измени на закони и постапувања, ако Премиерот тврди дека семејното насилство е „помал престап“?
Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител
Трансакција за храброст:Халкбанк прави чекор со кој солидарноста преоѓа во акција
Донирани 10.000 евра за интервентниот женски фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство Овој март во Македонија не дојде со вообичаениот
Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување!
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската




































