Стани член

Националната мрежа против насилство врз жената и семејното насилство е отворена за членство на сите организации кои делуваат против различните облици на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство, а кои ги прифаќаат и спроведуваат стратешките цели и принципи на мрежата.

Членството во мрежата може да биде регуларно и асоцијативно.

За прием во регуларно и асоцијативно  членство на мрежата, заинтересираната организација мора да ги исполнува следните услови:

          –   Да делува како правен субјект најмалку 2 (две) години;

          –   Активно да делува во областа на заштита од насилство врз жените и/или

              семејното насилство во последните 2 (две) години;

          –   Да ги прифати принципите и правилата за работа на Националната мрежа;

          –   Доколку заинтересираната организација е веќе постоечка мрежа, ќе биде  третирана

              како поединечна организација.

Првата година заинтересираната организација  која поднела барање за членство ќе биде третирана како асоцијативна членка.

Заинтересираната организација доставува пополнето барање за прием со кое се приложува:

          –   Писмена документација која ги потврдува горенаведените услови (Решение од

              Централен Регистар,Годишен план за работа на организацијата и CV на организацијата.

          –   Две препораки од релевантни чинители (по барање на мрежата)

          –   Писмена изјава за прифаќање на принципите и правилата за работа на мрежата.

Целокупната документација треба да биде потпишана и заверена од страна на овластениот застапник на организацијата.

Целокупната документација се доставува до Управниот  одбор на Националната мрежа на следната е- маил адреса :  coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk.

Формуларот за Членство,можете да го превземете, тука.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on Google+0Share on LinkedIn0Email this to someonePrint this page

Сподели

Со поддршка од