11.06.2013: ПРОТЕСТИ ПРОТИВ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТ

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство  ги подржа и активно учествуваше во трите протести иницирани од асоцијацијата за здравствeна едукација и истражување Х.Е.Р.А.  Националната мрежа ја подржа иницијативата на граѓанските организации кои бараат повлекување на новиот законот за абортус  предложен од министерството за здравство кој треба да биде донесен по скратена постапка. Мрежата како организација која се залага за унапредување на женските права, смета дека со предложените измени и дополнувања на овој закон се задира во правото на жената слободно и самостојно да одлучува за својата иднина, и заедно со останатите 72 граѓански организации ги потпиша писмата  упатени до Министерството за здравство, законодавно правната комисија и комисијата за здравство, (http://hera.org.mk/?p=1566)  кои претставуваа повик до пратениците и премиерот да се повлече одлуката за донесување на  законот по скратена постапка  и да се отпочне постапка на измени и дополнувања на постоечкиот закон преку консултации со сите релевантни чинители, како што и треба да биде донесен и разгледан еден така важен закон.

Наспроти мислењето на министерот за здравство Никола Тодоров, кој смета дека предложените измени се само во однос на правната терминологија, подржувачите на иницијативата сметаат дека ваквиот закон со  кој се воведува поднесување на  писмено барање од страна на жената,  известување на брачниот партнер и задолжително советување на сопружниците   пред  донесување на одлуката за прекин на бременоста и период  за „размислување“ од 72 часа до извршување на абортусот, го усложнуваат процесот и носат ризик од зголемување на бројката на нелегални абортуси, што понатаму може да резултира со поголема стапка на смртност на новороденчињата и влошена здравствена состојба на жената. Предлог-законот е противречен со женските права за живот, приватност, физички интегритет и автономија, доверливост, здравје и недискриминација кои се веќе заштитени во Уставот, а се рефлектираат и во рамки на меѓународните документи за човекови права кои Македонија ги има ратификувано.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10151396343596176&set=a.149901396175.124112.136488251175&type=1&relevant_count=1

Демонстрантите носеа транспаренти „Тодоров подалеку од мојата матка“, „Не ме штити од самата себе, „Министре, не глумете лудило“ и „Повлечете го законот’’. И покрај сите обиди да се повлече одлуката за донесување на законот за прекин на бременоста по скратена постапка, законот беше усвоен со 60 гласа За и 2 Против на на пленарнарната седница одржана на 10.06.2013.  Х.Е.Р.А испрати писмо и до претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во кое апелира до него да не го потпише указот за прогласување на донесениот закон и со тоа да го врати во редовна собраниска процедура.(http://hera.org.mk/?p=1615)

Галеријата од протестот погледнете ја на следниот линк:

http://www.flickr.com/photos/fosim/sets/72157633969348535/

ФОТО: Ванчо Џамбаски

Повеќе статии за протестите:

http://www.time.mk/cluster/9997ed06ac/protest-protiv-noviot-zakon-za-abortus.html

Сподели

Со поддршка од