24.07.2015: Заклучни согледувања на ОН комитетот за човекови права

Комитетот на Обединетите нации за човекови права ги објави Заклучните согледувања за Државата, по разгледувањето на 3-от периодичен извештај на Државата по Пактот за граѓански и политички права.

Главните грижи и препораки се однесуваат на 19 прашања меѓу кои: дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет; процедуралните пречки за доброволен прекин на бременоста; условите на притвор за мигрантите и барателите на азил; недостаток на информации за мерките за справување со трговијата со луѓе и тн.
Во однос на семејното насилство, Комитетот изрази загриженост за недостатокот на информации за санкциите изречени на сторителите на насилство, како и за правните лекови предвидени за жртвите.

Комитетот за Р. Македонија препорача:

– Темелно истражување на случаите на семејно насилство, кривично гонење на сторителите, казнување со соодветни санкции, пристап до правни лекови и заштита за жртвите, вклучувајќи и соодветен број на засолништа достапни во сите делови на земјата;

– Елиминација на насилството врз жените и децата, како и препознавање на насилството врз жените и децата како посебна кривично дело во Кривичниот закони;

– Конкретни мерки за пристап до специјализирана помош за сите жртви на семејно насилство, особено на немажените мајки на возраст од шеснаесет до осумнаесет години;

– Продолжување со спроведување на кампањи за подигање на свеста на населението за спречување и заштита од семејно насилство;

– Организирање обуки за локалните власти, како и за социјалните работници и медицинскиот персонал за тоа како да се открие насилството и соодветно да се советуваат жртвите на семејно насилство;

Комитетот од Република Македонија исто така бара: „да избегнува спроведување на какви било кампањи со кои се стигматизираат оние кои го користат правото на абортус. Треба да преземе конкретни мерки, вклучувајќи измена на Законот за прекинување на бременоста, за отстранување на сите пречки кои можат да придонесат жените да бараат нелегални абортуси кои ќе ги изложат на ризик нивните животи и здравје“.

Целиот извештај може да се најде на следниот линк: http://tbinternet.ohchr.org/_layouts/treatybodyexternal/SessionDetails1.aspx?SessionID=899&Lang=en

 

 

 

 

 

Сподели

Со поддршка од