05.12.2016: Јавен повик за учество на натпревар за најдобро младинско видео

Offical Embassy Logo 2- june 2011-2 flaten trasparency

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство  во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“, а со поддшка на Американската амбасада   –Скопје,  распишува Јавен повик за подготовка на видео спот, наменет за подигнување на јавната свест за насилството врз жените и семејното насилство.

Целта е да се претстават различните форми на насилство врз жени и девојки, а во насока на унапредување на знаењата кај младите за последиците од насилството врз индивидуата и врз општеството, како и рано препознавање на знаците и навремено спречување. Дополнително, да се даде осврт кон состојбата во државата во однос на обезбедување на заштита на жените и девојките жртви на различни форми на насилство и казнување на сторителите.

Кој може да аплицира:

- Млади на возраст од 18 до 30 години

- Члeнови на Младински организации

- Студенти н аФакултети за аудио-визуелни уметности

Содржината на видео спотот треба да биде фокусирана на подигнување на јавната свест за постоење и препознавање на различните форми на насилство врз жените и девојките, пристап до сервисите за поддршка за сите жени – жртви на насилство, препознавање и навремено безбедно прекинување на насилна интимна партнерска врска, моменталната состојба во Македонија во однос на превенцијата и заштитата итн.

Формат

Видео спотот не треба да биде подолг од 3 минути. Нема технички ограничувања (со/без звук, анимација, со актери/ки, театарска глума итн.). Видеото треба да вклучува англиски превод.

За сите пријавени учесници ќе биде одржана еднодневна обука од 4 часа. Националната мрежа ќе ја организира оваа обука со цел на учесниците, подетално да им се претстави Изборот за Најдобро младинско видео,насоки за изработка на видео спотот, главните цели и теми кои можат да бидат опфатени (вклучително и формите на насилство врз жените и девојките), претставување на проблемот со насилството врз жените, специјализирани сервиси за поддршка и моменталната состојба во Македонија.

Видеата треба да бидат изработени најдоцна до 20 Јануари 2017, по што ќе бидат објавени на онлајн платформа и ставени на јавно гласање. Финалниот избор ќе го направи национално жири составено од 5 члена. Настанот за доделување на наградите ќе се оддржи на 10 ти Февруари, на кој ќе бидат објавени победниците и доделени наградите (вредносни ваучери во износ од 300, 200 и 100 долари во денарска противвредност).

Првонаграденото видео ќе учествува во натреварот на европско ниво. Повеќе информации за овој настан можете да најдете на следниот линк: http://www.wave-stepup.org/wave-step-up-2016/263-wave-step-up-2016-call-for-participation-in-the-youth-video-award

Сите заинтересирани потребно е да го пополнат формуларот за пријава и да го испратат најдоцна до 18.12.2016 година (недела) на следнава е-маил адреса: jovana@glasprotivnasilstvo.org.mk

За повеќе информации контактирајте не на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk   или на jovana@glasprotivnasilstvo.org.mk

Фб: Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Share on Facebook0Share on LinkedIn0Tweet about this on Twitter0Share on Google+0Email this to someone

Сподели

Со поддршка од