Насилството врз жените не е изолирана појава или исклучок која ги засега индивидуалните права на жените и девојчињата, туку е глобален проблем и редовна појава во патријархалната матрица на стереотипни родови улоги и злоупотреба на моќ. Насилството предизвикува сериозни краткорочни и долгорочни физички, психолошки, сексуални и економски последици кај жените и сериозно го попречува нивното учеството и придонес кон општествениот развој и напредок. Токму затоа одговорноста за намалување на ризиците од појава од насилството и заштита на жените ја бараме кај локалните и националните власти кои треба да испратат јасна порака за неприфатливоста на насилството и сериозна заложба за системски промени кои ќе водат до соодветен, навремен и сеопфатен одговор кон проблемот.
Услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство
Специјализираните услуги за помош и поддршка се фокусираат на специфичните индивидуални потреби на секоја жена која преживеала некаква форма на насилство. Давателките на услуги преку своите знаења и вештини даваат приоритет на искуствата на жените кои преживеале насилство со цел превенирање од повторно враќање во насилната средина. Користејќи го овој пристап, давателките на услуги создаваат поддржувачка средина во која се почитуваат правата на жените и во која се третираат достоинствено и почитувано.
Прекини го кругот на насилство!
Имаш права, информирај се и донеси ја правилната одлука за себе и своите деца.
Насилството врз жените и децата можеме да го спречиме ако не го игнорираме, туку го пријавиме иим дадеме поддршка на жртвите да ја напуштат насилната средина. Пријавувањето на насилството е првиот чекор!

Активности

Закони против дигитално насилство: искуствата на регионот и Северна Македонија
На 15 и 16 септември во Неум, Босна и Херцеговина, Советот на Европа ја организираше конференцијата

„Ниту една повеќе!“ протест во Скопје против насилството врз жените
Во Скопје, на 18.09.2025г. се одржа протест под мотото „Ниту една повеќе!“ како реакција на продолженото

Опсерваторијата за фемициди: нов механизам за заштита и превенција
На 4 септември 2025 година, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство заедно со

Јавен настан: Родова еднаквост како основа за општество без насилство
На 25 јуни 2025 година во Скопје се одржа значаен јавен настан под наслов „Родова еднаквост:
Донирај во интервентниот женски фонд
Соопштенија за јавност

Уште едно убиство на жена (фемицид) што можеше да биде спречено
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изразува огромно жалење поради уште еден изгубен женски живот како последица на несоодветно и ненавремено постапување
Реакција: Платформата за родова еднаквост силно ја поддржува Иницијативата на жени од Шуто Оризари и нивната реакција на последниот случај на фемицид
Овој трагичен настан укажува на неуспехот на институциите во навремена и соодветна заштита на жртвите на родово базирано и семејно насилство. Апелираме до надлежните институции
Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на предлогот за именување на Петар Богојевски
Со одлука на Владата, Петар Богојески е именуван како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +) и треба да ја
Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово
Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони




































