Националната мрежа ќе биде дел од работната група за креирање на новата стратегија за превенција и заштита од семејно насилство

Националното координативно тело за заштита од семејно насилство донесе одлука Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство да земе активно учество во креирање на новата стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015 со две претставнички.

Оваа одлука претставува голем успех и можност за Мрежата да ги презентира своите ставови во однос на унапредување на директните сервиси за жените и децата жртви на семејно насилство, како и да обезбеди поголемо учество на невладиниот сектор во имплементација на предвидените активности.

Според очекувањата, процесот треба да започне најдоцна до крајот на годината.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости