30.03.2013: Работилница „Несакана бременост – безбедни начини за прекинување?“

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Х.Е.Р.А – Асоцијација за здравствена едукација и истражувања се залагаат за одбрана на правото на избор на жените во однос на репродуктивната слобода и како резултат на тоа на ден 27.03.2013 година во НВО центарот беше организирана еднодневна работилница за членките на Мрежата на тема “Несакана бременост – безбедни начини за прекинување?“.

На работилницата се зборуваше за предизвиците по репродуктивните слободи на национално ниво, Законот за прекинување на бременост во Република Македонија, видовите на абортус, контрацепцијата, примери за активизам кој што се залага против абортус, примери за активизам кој што се залага за правото на аботрус, мапирање на стратегии кои што се залагаат за постоење на правото за абортус, застапувањето на овие прашања во Република Македонија. Во вториот дел од работилницата присуствуваше и гинеколог д-р. Снежана Георгиева која што подетално се задржа на медикаментозниот абортус преку презентација на основните информации, предностите и недостатоците на овој метод во однос на другите методи за прекинување на бременост.

На работилницата членките на Мрежата дебатираа и за прашањата, целите и задачите поврзани со репродуктивните слободи и одлучија работилници на оваа тема во текот на месец Април и Мај да се одржат и на локално ниво во Радовиш, Свети Николе и Кичево со фокус на девојки и млади жени.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости