Остварено партнерство со Институт за социолошки и политичко – правни истражувања

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство на ден 13.03.2013 година потпиша Меморандум за соработка за активности поврзани со проект за следење на судски постапки за семејното насилство со Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања.

Поттикнати од потребата и неопходноста од активна улога на граѓанскиот сектор во Република Македонија за подобрување на ефикасноста на системот за заштита на жртви на семејно насилство, со овој меморандум Националната мрежа и ИСППИ ја дефинираа соработката за прашањата значајни за унапредување на истиот. Свесни за неопходноста од научно засновани тврдења во борбата против семејното насилство, а особено прашањата околу негувањето на предрасуди и традициите, Националната мрежа и ИСППИ се залагаат во рамките на своите можности, да го потпомогнат ефикасното функционирање на системот за спречување и борба против семејното насилство и доследно почитување на правата и слободите на жртвите.

Првиот од низата планирани заеднички проекти е реализација на проектот под наслов: „Процена на судските постапки при постапување во случаи на семејно насилство”, кој што ќе се реализира во траење од шест месеци. Целта на овој проект е да се утврдат карактеристиките на  процесирањето на случаите на семејното насилство во судскиот систем. Во оваа смисла, фокусот ќе биде на положбата на жртвите од сите аспекти (сензибилизираност на судии, пристап до бесплатна правна помош, постоење на дискриминација и родово базирани предрасуди, поддршка и заштита на жртвите и др.).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во