Националното координативно тело за заштита од семејно насилство донесе одлука Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство да земе активно учество во креирање на новата стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015 со две претставнички.
Оваа одлука претставува голем успех и можност за Мрежата да ги презентира своите ставови во однос на унапредување на директните сервиси за жените и децата жртви на семејно насилство, како и да обезбеди поголемо учество на невладиниот сектор во имплементација на предвидените активности.
Според очекувањата, процесот треба да започне најдоцна до крајот на годината.