Конкурс за Најдобра младинска иницијатива

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство  објави конкурс за избор на најдобра младинска иницијатива, на тема ‘Превенција на родово базирано насилство’ . Конкурсот се организира како дел од проектот „Застапување за унапредување на политиките/стратегиите за спречување на сите облици на насилство врз жените“ поддржан од локалната канцеларија на UNWOMAN во Скопје.

Целта на овој конкурс е  активирање на младите и нивно вклучување во борбата против родово базираното насилство. Младите ќе имаат можност да ги изразат своите идеи на креативен начин осмислувајќи иницијатива која доколку биде избрана ќе биде финансиски подржана и реализирана. На конкурсот може да се пријават сите заинтересирани на возраст до 33 години. Групите може да содржат од 3 до 6 члена,а секоја група има право да поднесе само по една иницијатива. Планираните активности ќе се имплементираат  во општината предвидена во иницијативата во период од 01.09 до 15.10. Расположливиот фонд за имплементација на активностите изнесува 30.000 денари.

Сите заинтересирани учесници својата идеа и планот за имлементација да ги испратат на е- маил адреса mila.radonjic@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 15- ти август. До 30- ти август по пат на комисиски избор ќе биде одбрана најкреативната и најиновативната младинска иницијатива, која со подршка на извршната канцеларија на мрежата ќе биде имплементирана во периодот што следи.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во