22.08.2017: Јавно барање до кандидат(к)ите за градоначалници за вклучување на специјализирани сервиси за жени жртви на различни форми на насилство во предизборните програми

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство испрати Јавно барање и Предлог политика до кандидат(к)ите за градоначалници на локалните избори 2017 за вклучување на специјализирани сервиси за жени и девојчиња жртви на различни форми на насилство во предизборните програми. Тоа би значело воспоставување и обезбедување одржливост на минимум пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански регион, а со кој ќе се унапреди достапноста и пристапноста на сервисите за жените од урбаните и руралните заедници, како и за жените со различни видови попречности. Пакетот на сервиси опфаќа: Засолниште/Шелтер центар, Кризен центар, СОС линија, Советувалишен центар за психо-социјална поддршка и Бесплатна правна помош. Дополнително, кандидат(к)ите за градоначалници очекувано е да предвидат и пакет на социјални мерки за жени жртви на семејно насилство кои ќе го олеснат процесот на осамостојување и економско јакнење на жените кои ќе одлучат да ја напуштат насилната средина.

Р. Македонија веќе започна со процесот на ратификација на Истанбулската конвенција, која предвидува вклучување на локалната самоуправа во обезбедување на заштита од сите форми на родово базирано насилство, како што веќе е дефинирано и во постоечкиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (чл. 5, единиците на локалната самоуправа се дел од надлежните органи и институции кои „преземаат мерки за заштита на жртвата и спречување на насилство, остваруваат меѓусебна соработка и координација“).

Јавната заложба на кандидат(к)ите за градоначалници ќе биде значаен чекор во решавање на проблемот на достапни сервиси и услуги за жртви на родово базирано насилство на локално ниво и ќе биде јасен показател за свесноста за постоење на овој проблем кој го засега половина од населението.

ЈАВНО БАРАЊЕ

ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКА-Регионални пакети на сервиси

Објави во медиуми: ОКНО, Сител, Вечер, СкопјеИнфо, Либертас, ПлусИнфо, А1Он, Тв Нова, Радио Моф

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во