Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со Здружението на граѓани Конект учествуваше во изработката на Донаторскиот календар за 2013 година кој што е објавен во списанието Теа Модерна број 645 од 06.02.2013 година. Овој календар е потсетник за граѓаните да сторат нешто добро оваа година, да одделат малку средства или време и на тој начин да се вклучат во менувањето на светот кон подобро. Секој месец е посветен на различна ранлива група на граѓани.Месецот Јули е за живот без насилство и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство порачува: „Прескокнете еден коктел на плажа и износот донирајте го во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Дневно се доволни 300 денари за храна за мајка со две деца сместена во шелтер центар.“
Јавен повик за вработување на проектнa асистентка
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство објавува јавен повик за вработување на проектна асистентка на определено време. Проектна асистентка Работни обврски Организира