23.12.2020: Препораки за унапредување на можностите за вработување на жени жртви на семејно насилство

Целта на оваа анализа е да се дадат препораки за унапредување на можностите за вработување на жени жртви на семејно насилство. Преку анализа на законските можности, обврските и препораките од меѓународните документи, и анализа на активните мерки за вработување преку оперативните планови на Агенцијата за вработување на РСМ, документот донесува заклучоци кои ги идентификуваат предизвиците […]


30.11.2020: Што по донесувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство?

Република Северна Македонија направи важен чекор во имплементацијта на Истанбулската конвенција со подготовката на нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. Законот се очекува да биде усвоен во Јануари 2021 година и ќе биде првиот закон што ќе се осврне на сите форми на насилство врз жените, вклучително и […]


06.11.2020: Објавен петтиот Извештај за состојбата со Женските права во Западен Балкан

Петтиот извештај „Женските права во Западен Балкан“ како и предходните години ги следи состојбите со женски права во  шест земји од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Извештајот служи како алатка за следење на  унапредувањето на женските права во  текот на изминатите години. Приоритетни области кои се опфатени во […]


28.09.2020: Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза

Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.  Здравствената криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 за милиони жени го зголеми ризикот од сексуално насилство и недостапна контрацепција и им го ограничи пристапот […]


18.08.2020: Препораки за справување со насилство врз жени и семејно насилство во Западен Балкан во време на пандемија

Најголемиот дел од Владите во Западен Балкан прогласија вонредна состојба во своите држави кратко откако беше прогласена пандемија на КОВИД-19, на 11 март 2020. На крајот на март, сите балкански држави прогласија некаков вид на вонредна состојба, карантин, како и мерки и упатства за самоизолација, карантин и одредени санкции за оние кои не ги почитуваат […]


13.07.2020: Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост

Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување; Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост; Платформата за Родова еднаквост […]


07.07.2020: Британската амбасада со поддршка за Интервентниот Женски Фонд

Интервентниот Женски Фонд со поддршка од Британската амбасада, започнувајќи од јуни 2020, обезбедува финансиска и материјална помош за жени жртви на насилство. Ги повикуваме сите жени кои имаат потреба од помош и поддршка, да се обратат во Националната мрежа. Покрај редовните услуги за бесплатна правна и психолошка помош кои Мрежата ги нуди на жртвите кои […]


17.06.2020: Насоки на Платформата за јакнење на граѓанското општество за подобра поддршка на жени и девојчиња жртви на насилство за време на КОВИД-19

Започнувајќи од мај 2020, Платформата за зајакнување на граѓанското општество ја започна третата година од женската програма на ЕУ и ОН, „Имплементирање норми, променети умови“ (Implementing norms, changing mings). Оваа програма се залага против родово-базираната дискриминација и насилството врз жените во Западен Балкан и Турција, со значаен фокус врз маргинализираните групи на жени. Оваа година […]


10.06.2020: Каде се парите за правата на жените? – трендови во финансирањето во Западен Балкан

Ова е тема на дискусија во новиот Извештај за трендовите на финансирање на женските граѓански организации во Западен Балкан. ЕУ и другите донатори се посветени на унапредување на родовата еднаквост во Западен Балкан, но потребите на женските граѓански организации не се исполнети. Истражувањето е спроведено во 2019 година во шест земји од Западен Балкан, од […]


19.05.2020: Преглед на преземени итни мерки и чекори за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство од надлежните институции

Владата на Република Северна Македонија на 18 Март 2020г. прогласи вонредна состојба на територијата на државата поради состојбата со COVID-19 и спречување на ширење на коронавирусот. По прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 09 април 2020г. одржани беа 15 седници на Владата, каде секојдневно се донесуваа нови одлуки и мерки за справување со пандемијата од […]


Со поддршка од