Соопштение за јавност: Напредок на државата по прашањето на насилство врз жени и семејно насилство – осврт на препораките од Меѓународните тела

Во изминатите 12 месеци, Република Северна Македонија доби препораки од три меѓународни инструменти на основа на подготвените и испратени извештаи за прогресот и реформите кои државата ги направила во областите за кои известува, а ова соопштение ќе се фокусира на напредокот во областа на родово заснованото насилство. Имено, препораки се добиени од Европската Комисија за напредокот на државата во периодот (март 2018 – март 2019), од Обединетите Нации по доставување на УПР-от (Универзален периодичен преглед) за период од 5 години (2013 – 2017), и од Комитетот за Елиминација на сите форми на дискриминација кон жените (CEDAW) за период од 5 години.

Генералниот заклучок е дека државата остварила напредок во оваа област, но е минимален и се однесува на подобрување на законската рамка, додека директната помош и заштита на жени жртви на насилство останува непроменета.  

Имено, во сите три извештаи се препознаваат и поздравуваат чекорите кои ги има превземено државата за унапредување на легислативата преку ратификација на Конвенцијата  на Советот на Европа за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) и подготовката и усвојувањето на Националниот Акциски План за нејзино имплементирање (2018 – 2023). Препознаени како напредок, се и усвојување на Националниот акциски план за родова еднаквост (2018 – 2020) во кој е посветено едно поглавје на родово заснованото насилство, а предвидени се и мерки за подигнување на свеста за родова еднаквост и намалување на родовите предрасуди и стереотипи како едни од најзначајните причини за постоење на насилството врз жените. Понатаму, измените на Кривичниот законик со кои се предвидува зголемување на минималната возраст за вонбрачна заедница со дете од 16 до 18 години се едни од остварените подобрувања, како и измените на дефинирањето на кривичнотот дело Говор на омраза преку препознавање на родовиот идентитет како основ.

Во трите извештаи се изразува и загриженост за одредени аспекти и се даваат конкретни препораки за делување во следниот период. Една од главните забелешки е дека промените се случуваат многу бавно и потребно е приоретизирање на оваа област и превземање итни мерки.

Во однос на унапредување на законската рамка главната забелешка се однесува на непрепознавање на различните форми на насилство врз жените и девојчињата, како и пречките со кои се соочуваат жените при добивањето на решенија за привремена заштита, вклучувајќи го и одложувањето на одржувањето и недостатокот на родово чувствителен пристап во текот, постапките и недостатокот на механизми за следење на нивното спроведување.

Отсуство на сеопфатен систем за собирање на податоци, распределени според релевантни фактори, во врска со различните форми на родово насилство врз жените и девојките, вклучувајќи и информации за односот на сторителот со жртвата, покрај во овие извештаи забележан како недостаток е во многуте спроведени анализи во оваа област.

Недоволен број на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени  и девојки жртви на родово засновано насилство

„За да се исполнат стандардите на Истанбулската конвенција ќе бидат потребни дополнителни засолништа за жртвите на сексуално и родово насилство и трговија со луѓе. Одделението за родова еднаквост на Министерството за труд и социјална политика игра клучна координативна улога и треба да има соодветни ресурси со цел да се обезбеди ефикасно спроведување на правните и политичките алатки“ – Европска Комисија.

CEDAW комитетот забележува дека „Има ограничен број на засолништа достапни во државата-членка, и покрај високата инциденца на родово насилство врз жените и девојките, вклучувајќи го и домашното насилство; како и дека „жените и девојките, вклучувајќи ги и жените мигранти и бегалци, немаат пристап до центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство“.

Во таа насока е дадена и препораката за Зголемување на бројот на засолништа и да се обезбеди пристапот до жени кои се жртви на насилство врз основа на родот во разумно растојание и услуги за советување и рехабилитација низ целата држава-членка и да обезбедат дека жените и девојките кои се жртви на родова базирано насилство да имаат целосен и без бариери пристап до медицинска и психолошка поддршка“.

Една од препораките се однесува на интензивирање на напорите за зајакнување на законската рамка против насилството врз жените, вклучувајќи и усвојување на дефиниција за родово засновано насилство и инкриминација на сите форми на родово засновано насилство во Кривичниот законик. Измени во Кривичниот законик се препорачуваат и во однос на брачното силување, како и за промена на дефиницијата за силување, односно бришење на условот за пенетрација.  Покрај од Работната група на Советот за човекови права, оваа препорака е дадена и од Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација кон жените (CEDAW). Комитетот го истакнува големиот број на убиства на жени (фемициди) како загрижувачки, па оттаму и еден од приоритите за делување.

Следствено на тоа, се препорачува завршување на ревизијата на националното законодавство за усогласување со одредбите на Истанбулската Конвенција.

При спроведувањето на Законот за спречување и заштита од семејно насилство, особено внимание да се посветува на обезбедување соодветна поддршка на жртвите на семејно насилство.

Повикувајќи се на неговите општи препораки бр. 35 (2017) за родово насилство врз жените, ажурирање на општа препорака бр. 19 (1992) за насилство врз жените CEDAW комитетот препорачува:

Да се осигури дека Националното координативно тело против семејното насилство има мандат во врска со сите форми на родово насилство врз жените и дека усвојува мерки за идентификување и борба против специфичните аспекти поврзани со семејно насилство;

– Донесување на сеопфатна стратегија за спречување на сите форми на родово заснованото насилство врз жените, адресирање на основните причини за родово насилство и ситуации со зголемени ризици за жените со попреченост, жените во проституција и жените во сите ситуации на притвор;

Систематски да се собираат податоци, распределени според релевантни фактори, за случаи на насилство врз основа на полова основа и дискриминација на жените изведени пред судовите и врз бројот на решенија за привремена заштита и вклучување на таквите податоци во следниот периодичен извештај;

Гарантиран пристап до бесплатна правна помош во постапките поврзани со родовото насилство врз жените, особено во врска со решенијата за привремена заштита, спречување на стигматизација и олеснување на товарот на докажување на жртвите кои бараат мерки за заштита, да гарантира спроведување на тие решенија од страна на полицијата и судовите и обезбедува координација меѓу одговорните институции;

-Во делот Национална институција за човекови права, Комитетот препорачува државата да ги преземе неопходните чекори за да може Канцеларијата на Народниот правобранител целосно да се усогласи со принципите кои се однесуваат на статусот на националните институции за унапредување и заштита на човековите права (Париски принципи), земајќи ги предвид препораките на Глобалната алијанса на национални институции за човекови права. Исто така, препорачува државата да обезбеди соодветни човечки, финансиски и технички ресурси за канцеларијата на Народниот правобранител и да го зајакне својот мандат во врска со заштитата на женските права и родовата еднаквост.

За жал сеуште не може да се каже дека во овој момент положба на жените жртви на насилство и семејно насилство е подобрена. Донесен е нов Закон за социјална заштита во кој жените жртви на семејно насилство не се препознаени како посебно ранлива категорија, и не се предвидени посебни мерки за нивна финансиска поддршка. Дополнително, новиот закон не предвидува решенија за најгорливиот проблем – правото на домување (трајно и/или привремено) за жените жртви. Процесот на подговтовка на нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство е тековен, а процесот за измени во Законот за семејство се уште не е започнат. Усогласувањето на Кривичниот законик со одредбите од Истанбулската Конвенција се на самиот почеток, а измени во Законот за домување не се најавени. Исто така иако државата во 2018 година, формира три нови кризни центри за жртви на сексуално насилство во Скопје, Тетово и Куманово сепак, за да се исполнат стандардите на Истанбулската конвенција ќе бидат потребни дополнителни засолништа за жртвите на сексуално и родово насилство и трговија со луѓе.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ги поздравува напорите кои ги прави Министерството за труд и социјална политика во насока на унапредување на законската рамка за спречување и заштита од различни форми на родово базирано насилство. Како што е веќе спомнато, процесот на подоготовка текстот на Новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство беше транспарентен и ги вклучи сите релевантни чинители. Понатаму, министерството од 2017 го зголеми буџетот за поддршка на организациите кои нудат специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство, а во првата половина на оваа година, изработи и усвои Методологија за пресметка на трошоци и цени на чинење на 6 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство.

Загрижува податокот дека сеуште ниту една промена во легислативата не го измени статусот на жените жртви на насилство и семејно насилство и покрај меѓународните препораки.

Состојбата во однос на оваа област е сериозна, бидејќи овие состојби влијаат негативно во долг временски период на економската, социјалната и општествената положба на жените, особено на најранливите групи, каде се зголемува ризикот од сиромаштија кај жените, нивна исклученост од социјално и здравствено осигурување, економска несигурност и зголемен ризик од изложеност на насилство.

Апелираме до сите надлежни институции и Владата на Република Северна Македонија, да посветат должно внимание на проблемот на насилство врз жени и семејно насилство и најитно да започнат да ги спроведуваат препораките на меѓународните тела, а во насока на поуспешна имплементација на Истанбулската Конвенција.

Целиот извештај може да го превземете на следниот линк.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во