Тродневна обука за „Застапување за обезбедување одржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“

Во Септември, од 25ти до 27ми, беше одржана обука за „Застапување за обезбедување одржливост на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство“ во хотел “Етно село-Тимчевски”, во Куманово. На обуката присуствуваа 14 претставници од 5те партнерски организации на Националната мрежа, како и двајца претставници од проектниот тим. Обуката ја водеа двајца тренери, со кои мрежата веќе има воспоставено успешна соработка. Опфатени беа следните теми: Дефинирање на цел на застапување; Идентификување и анализа на засегнати страни; Избор на стратегија за застапување; Обезбедување на одржливост од дополнителни извори на финансирање – Можности за соработка со бизнис секторот; Вклучување на јавноста и медиумско застапување. Подготвените работни материјали од страна на тренерите, а и самите сесии придонесоа кон насочување на процесот кон идентификување на релевантни чинители во секој општина, дефинирање на стратегиите за застапување и одредување на временските интервали за спроведување на чекорите. Како производ од обуката произлезе План за застапување за оддржливост на сервиси со точно дефинирани чекори и временска рамка за спроведување.

Проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Застапување за обезбедување на одржливост на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство на територијата на Република Македонија “ започна со имплементација во Јули 2015 и ќе трае до Мај 2016, а со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондација отворено општество Македонија.

Во склоп на проектните активности, досега беа одржани  координативен состанок со партнерските организации на овој проект и работен состанок со членките на Националната мрежа против насиство врз жените и семејно насилство за договорање за спроведување на заедничка кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Како следна активност е предвидена Работилница за буџетирање на специјализирани сервиси, од која е планирано да произлезе Буџет план за одржливост на секој специјализиран сервис (советувалишен центар, СОС линија, кризен центар, шелтер центар и бесплатна правна помош).

Овој документ, заедно со останатите кои се во изработка, ќе биде употребуван при процесот на Застапување за одржливост на специјализираните сервиси на територијата на Република Македонија.

Агенда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во