Комисија за еднакви можности на жените и мажите на 29 Октомври 2019г. ја одржа 12тата Седница, каде што се одржа Јавна расправа на тема: Имплементација на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. На седницата, свое обраќање имаше Извршната директорка на Националната мрежа, Елена Димушевска. Димушевска укажа на тоа дека законот не ја постигна целта која беше поставена со неговото донесување, а тоа е сеопфатна заштита на жртвите од семејно насилство. Од донесувањето на законот сеуште не е воспоставен сеопфатен и унифициран систем за евидентирање на случаите на семејно насилство, кој ќе обезбеди национална статистика за ново регистрирани случаи на семејно насилство, како и следење на преваленцата на семејно насилство. Не се обезбедени пристапни и достапни сервиси за сите жени, и во урбани и во рурални средини, како и за жени со попреченост, нема финансиска помош и поддршка за жртвите, и нема доволно обучени и сензибилизирани професионалци
Јавен повик за вработување на проектнa асистентка
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство објавува јавен повик за вработување на проектна асистентка на определено време. Проектна асистентка Работни обврски Организира