Панел дискусија на тема: Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со Клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија организираше Панел дискусија на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ , која се се оддржа денес,  25 Ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените, а кој воедно е и  почеток на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Настанот го отвори Претседателката на Клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија, Ѓулумсер Касапи, која истакна за важноста за заедничко здружување на сите релевантни чинители во борбата против насилството врз жените и девојчињата и ја нагласи посветеноста на Клубот на пратенички кон унапредување на системот за превенција и заштита од насилство врз жените.

Како вовед во панел дискусијата беа презентирани наодите од анализата  „Економски предизвици со кои се соочуваат жени жртви на семејно насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина„ и Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно  насилство изработени од тимот на Националната мрежа против насилство врз жени.

Свое обраќање во панел дискусијата имаа Снежана Калеска Ванчева – пратеничка од СДСМ, Благица Ласовска – пратеничка од ВМРО- ДПМНЕ, Јулијана Николова – пратеничка од ЛДП и Маја Морачанин – пратеничка од ДОМ. Целта беше да се разгледаат и дискутираат законските можности за усвојување на модел за реинтеграција и рехабилитација на жените жртви на семејно насилство кои донеле одлука да ја напуштат насилната средина.

Потребата за спроведување на анализата и развивање на предлог модел за реинтеграција произлегува од сознанието дека  економската нестабилност на жените жртви на семејно насилство, е препознаена како една од главните причини за останување во насилство, но и еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат жените жртви откако ќе ја напуштаат насилната средина.

Последното истражување на ОБСЕ, кое беше спроведено во текот на 2018 година, на балканскиот регион, ја опфати и Република Северна Македонија. Клучните наоди на истражувањето истакнуваат дека 60% од жртвите на семејно насилство биле контролирани од сторителот, немале никаков или имале контролиран пристап до финансии, и нивните деца биле користени како средства за уцена за жената да не го напушти партнерот. Од сите испитани жени, 1 од 5 или 19% се жртви на економско насилство од партнерот. Жените кои трпеле семејно насилство во минатото, а не биле во можност да обезбедат живеалиште и храна за себе и нивните деца и поради тоа не ја напуштиле насилната средина, во последните 12 месеци, повторно се соочуваат со повеќе форми на насилство (42%).

Со оглед на различните економски околности во Република Северна Македонија, потребно е да се изготват мерки и политики, со кои жените кои претрпеле насилство, а се економски зависни од сторителот на насилството, да можат полесно да донесат одлука за напуштање и да го поминат процесот на реинтеграција во општеството.

Предлог моделот за реинтеграција и рехабилитација ги вклучува сите аспекти кои се клучни при донесување на одлуката за напуштање, и тоа: Домување, Финансиска поддршка, Психолошко советување, Образование и обука, и Помош при вработување.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Застапување за воведување на социјален пакет за поддршка на жртви на семејно и интимно партнерско насилство“ имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за промени: ,,Препознај, почитувај и остварувај права” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта. 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во