Потпишување на Заедничката Декларација: Спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејно насилство

На 25ти ноември 2016 година (петок), Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, во Хотел Холидеј Ин, Скопје со почеток од 10:00 часот, се одржа настан за потпишување на заедничка Декларација: Спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејно насилство од страна на политичките партии во Република Македонија.

На настанот воведни обраќања имаа: Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Г – дин Мат Стефансон , Амбасадор на Шведска во Македонија и Г-а Луиза Винтон, Постојан координатор на Обединети Нации, постојан претставник на УНДП и претставник на УНФПА.

Со Декларацијата, политичките партии се обврзува на Ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од сите форми на насилство врз жената и домашно насилство (Истанбулска Конвенција); Следење на препораките на Советот на Европа за достапноста и минимум стандардите кои треба да ги исполнуваат услугите за поддршка; како и Обезбедување одржливост на услугите преку развивање на програми за финасиска поддршка на национално и локално ниво.

Листата на политички партии кои ја потпишаа Декларацијата можете да ја симнете тука.

received_10154908185179589
received_10154908183719589

На настанот му преходеше процес на преговори со политичките партии во насока на информирање за проблемот на насилството врз жените и итноста од превземање на конкретни чекори за унапредување на националната легислатива и системот на заштита. Одредување на датум за предвремени парламентарни избори го промени текот на активностите на Мрежата во насока на поинтензивни средби со политичките партии, а со цел вметнување на прашањето во нивните програми и потпишување на заедничка Декларација за унапредување на превенцијата и заштитата од различни форми на насилство врз жените.

Овие активностите се во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“, финансиран од Квина тил Квина. Настанот беше финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ), а во рамки на проектот „Насилството врз жените дел од агендата на политичките партии во Република Македонија“ имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство – Глас против насилство.

Соопштението за медиумите можете да го симнете тука.

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости