Работна средба за воспоставување на советувалишни центри во Вардарски плански регион

На 24.08.2018, во работните простории на Бродот Панини во Велес, се одржа работна средба со претставници од областа на социјалната заштита, кои работат во општините на Вардарскиот плански регион и тимот на Националната мрежа. Со оваа работна средба се започна процесот на соработка помеѓу Националната мрежа и локалната самоуправа од Вардарскиот плански регион, за воспоставување на советувалишни центри за психо-социјална помош и поддршка за жени и деца жртви на семејно насилство во Велес и Кавадарци, кои ќе го опслужуваат целиот Вардарски регион.

Градоначалниците во предизборниот период, со потпишување на Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство на локално ниво, се заложија да одвојат дел од локалните буџети за унапредување/воспоставување на сервиси за жртвите на насилство.

На оваа средба учествуваа претставници од областа на социјалната заштита од: општина Неготино, општина Кавадарци, општина Свети Николе, општина Чашка, општина Градско и општина Лозово.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости