22.06.2021: Конкурс за ангажирање на менаџерка на Советувалишен центар за жени и деца жртви на родово базирано насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Менаџерка на Советувалиште за жени и деца жртви на насилство и семејно насилство – Тетово:

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– универзитетска диплома од областа на социјална работа/ социјална политика или психологија;

– најмалку 3 години работно искуство со жени и деца жртви на насилство и семејно насилство;

– најмалку 5 години искуство во граѓански сектор;

– добро познавање на системот за социјална заштита;

– одлично познавање на македонски и албански јазик;

– добро изградени организациски и комуникациски вештини;

– кандидатки кои се динамични и самоиницијативи;

–  работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

– место на живеење Тетово или околината;

Предност ќе имаат кандидатките кои имаат претходно искуство со работа во специјализиран сервис за жени жртви на насилство и семејно насилство;

Опис на ангажманот:

  • Менаџирање/ раководење со Советувалиштето за жени и деца жртви на насилство – Тетово: координација и организација за секојдневната работа на советувалиштето, контакт со корисници на советувалиштето и со даватели на услуги во советувалиштето (правничка, адвокатка, психолог- психотерапевт, кариерна советничка);
  • Прием и процена на жени и деца жртви на насилство и семејно насилство: процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена на индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;
  • Раководење со случаи на жени жртви на насилство и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, креирање и водење досие за секој случај, следење на случајот;
  • Советување за остварување социјални права;
  • Информирање за можностите за вработување, насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување, помош и поддршка со припрема на пропратни документи за вработување.
  • Придружба со надлежни институции, граѓански организации и слично.

Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 43.000 денари во бруто износ.

Најдоцна до 16.30 часот  5 Јули 2021 година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходно работно место

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Менаџерка Тетово “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk

Сподели

Со поддршка од