Регионална средба за воспоставување на пакет сервиси за жртви на насилство во Скопје

Во просториите на Град Скопје, на 20.04.2018 г., се одржа регионална средба со градоначалници и претставници од општините од Скопскиот плански регион, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и Извршната директорка на Националната мрежа. Со оваа средба започна процесот на воспоставување регионален пакет на сервиси за жени жртви на насилство.

Градоначалниците во предизборниот период, со потпишување на Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство на локално ниво, се заложија да одвојат дел од локалните буџети за унапредување/воспоставување на сервиси за жртвите на насилство.

Покрај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалници кои беа присутни на средбата се од: Општина Аеродром, Општина Кисела Вода и Општина Ѓорче Петров, додека од Општина Центар, Општина Карпош, Општина Чаир, Општина Студеничани и Општина Сарај присуствуваа претставници од општините.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во