Тродневна работилница „Изработка на програма за спречување и заштита од семејно насилство“ – Скопски плански регион

Проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Застапување за обезбедување на одржливост на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство на територијата на Република Македонија“ е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество. Во склоп на активностите кои се поврзани со краткорочната цел: Остварување на соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа на регионално ниво, досега беа одржани две работилници, едната со Полошки, а другата со Вардарски регион.

Во февруари 2016, од 17ти до 19ти, беше одржана третата и последна тридневна работилница за „Изработка на програма за спречување и заштита од семејно насилство“ во хотел “Бистра”, во Маврово на која што присуствуваа претставници од општините во Скопски плански регион, претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Скопје, како и партнерските организации кои раководат со специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство (советувалишен центар, СОС линија, кризен центар, шелтер центар и бесплатна правна помош). На територијата на Скопски плански регион функционираат три сервици и тоа: Шелтер центар (кој обезбедува сместување за жените жртви и нивните деца до шест месеци), Кризен центар (кој обезбедува кризно сместување од 24 – 48 часа) и Советувалишен центар (во чии рамки се работи со жртвите и сторителите на семејно насилство). Како продукт од работилницата произлезе Регионална програма за спречување и заштита од семејно насилство. Со оваа работилница се затвори и целиот процес на изработка на локални програми, спроведен во три плански региони: Полошки, Вардарски и Скопски.

Тековно се одржуваат состаноци на Тимот за застапување со релевантните чинители за обезбедување средства за оддржливост на постоечките специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство кои се раководени од невладини организации.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во