Преглед на преземени итни мерки и чекори за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство од надлежните институции

Владата на Република Северна Македонија на 18 Март 2020г. прогласи вонредна состојба на територијата на државата поради состојбата со COVID-19 и спречување на ширење на коронавирусот. По прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 09 април 2020г. одржани беа 15 седници на Владата, каде секојдневно се донесуваа нови одлуки и мерки за справување со пандемијата од COVID-19 во Р. Северна Македонијa. Донесените мерки се однесуваа на повеќе аспекти, и имаа за цел ублажување на здравствената, социјалната и економската криза која иако е секојдневие за граѓаните на РСМ, може да биде продлабочена како последица на вонредната состојба.

Меѓутоа, посебна ранлива категорија која беше целосно изоставена од мерките и препораките, беа жртвите на семејно насилство, односно жени и деца кои се под зголемен ризик од семејно насилство. Освен известувањето на Министерството за труд и социјална политиката упатено до жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, каде што беа наведени броеви за пријавување насилство, ниту една итна мерка не беше изречена ниту предложена за оваа посебно ранлива категорија граѓанки.

Со цел обезбедување на заштита на жените и децата жртви на семејно насилство и во овој период на вонредна состојба, Националната мрежа подготви и на 13.04.2020 испрати Барање за изрекување на итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство додека трае вонредната состојба до Владата на Република Северна Македонија. Во самиот документ беше објаснета моменталната состојба, ризик фактори за зголемување на семејното насилство, ризик фактори за пријавување на насилството и беа излистани предлог итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство.

Поради итноста на ситуацијата, на 09.04.2020 година беше испратено првото Барање за дополнување на одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата кое превидуваше донесување на  две итни мерки и тоа: Исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство, и во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат остранети од истиот и да се превземат соодветни санкции против него (приведување, покренување на привремении мерки за заштита и др.) се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом.

На 14.04.2020 година, Националната мрежа доби одговор од Владата на РСМ дека испратеното барање е проследено на разгледување и понатамошно постапување до Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, а со цел доставување на соодветен предлог со конкретни мерки кои ќе бидат разгледани на наредниот состанок на Главниот координативен кризен штаб закажан за 15.04.2020 година.

Покрај Министерството за труд и социјална политика, Националната мрежа не беше исконтактирана од ниедно друго министерство или институција, а во врска со поднесените барања и добиеното известување од Главниот координативен кризен штаб.

Овој документ „Преглед на преземени итни мерки и чекори за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство од Владата и надлежните институции“ ги содржи предложените итни мерки и преземените чекори од институции во перидот од 14.04.2020 до 15.05.2020, како и следните чекори кои треба да се преземат.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во