Деветнаесет млади врснички едукатори за Родова демократија

Деветнаесет студенти од повеќе општини на Македонија присуствуваа на тренингот за врснички едукатори на темата “Родова демократија” во Етно Село, Куманово, организиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. За време на тренингот идните млади едукатори преку тематски работни групи  идентификуваа клучни области и теми кои се однесуваат на родовата рамноправност. Покрај родовата дискриминација и демократија, студентите дискутираа и за бенефитот и важноста од постоење на родовата еднаквост,  формите на родово базирано насилство, родовиот идентитет и родовите улоги, родовата социјализација, односно се совладуваа вештини потребни за да се стане врснички едукатор.

Елизабета Божиновска од Х.Е.Р.А. вели дека во нашето општество постојат многу родови стереотипи, меѓу кои дека жените самите се виновни поради тоа што не се вклучени подеднакво со мажите во политиката, пазарот на труд и останатите сфери од општественото живеење.
„ За да се постигне родова еднаквост во нашето општество потребно е да се препознаат различните потреби кои ги имаат мажите и жените, и општеството да одговори на овие потреби за да им се даде на жените и мажите еднаква можност да се вклучат во сите текови од општествениот живот.  Преку постигнување на родова еднаквост максимално ќе биде искористен потенцијалот на сите граѓани без разлика дали се мажи или жени, а со тоа граѓаните ќе имаат посреќен и поисполнет живот од една страна и значајно ќе придонесат во економскиот развој на земјата од друга страна “ – вели Елизабета Божиновска, програмски раководител во Х.Е.Р.А.

Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ смета дека доколку жените и мажите се подеднакво застапени во сите сфери на општественото живеење ќе имаме поквалитетна благосостојба во нашата демократска држава. „ Родовата демократија е од исклучително значење во секое општество, за таа цел овој пат наша целна група при стручно оспособување за родовата демократија беа младите. Односно што подразбираме под родова демократија, подразбираме подеднакво учество  и на жените и на мажите во сите општествени процеси. Сметам дека жените можат да дадат голем придонес доколку нивната застапеност во економијата, во процесите на донесување на одлуки, во политиката, и во сите сфери на општественото живеење биде подеднакво избалансирана со мажите ќе доведе до еден прогрес кон унапредување на квалитетот на живеење и благосостојбата во заедницата “ – вели таа.

Проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Од Родова Нееднаквост до Родова Демократија“ започна со имплементација во Септември 2014 и ќе трае до Мај 2015.

Овој проект е поддржан од Schuller Helfen Leben, Германија. Во склоп на проектните активности, тековно се одржуваат тренинзи за врснички едукатори на тема „Родова Демократија“ кои ќе опфатат 60 тина млади, студенти и средношколци. Истовремено се изработува и прирачник за врснички едукатори наменет да им послужи на идните врснички едукатори како корисна алатка во спроведувањето на врснички едукации на оваа тема. Главните цели на овој проект се подигнувањето на свеста за родовата нееднаквост во македонското општество, унапредувањето на знаењата на оваа проблематика кај младите, поттикнувањето на младинскиот активизам како и приближување на методот врсничка едукација како современа и моќна алатка.

Автор: Сунаи Сабриоски
Превземено од fakulteti.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во