Напредокот на Р. Северна Македонија при спроведувањето на Националниот Акциски План за имплементација на Истанбулската конвенција

Целта на овој извештај е да го оцени напредокот на државата во спроведување на активностите и исполнување на индикаторите утврдени во Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција за период од 2018 – 2020 година.

Истражувањата за изработката на овој извештај покажа дека институциите кои се задолжени за имплементација на НАП, не се доволно транспарентни во спроведувањето на активностите – не сите министерства ги вклучуваат граѓанските организации при спроведувањето на активностите исто така и  одговорите кои беа добиени од министерствата беа непотполни, односно во најголем дел општи и непрецизни.

Генералниот впечаток од одговорите на надлежните институции за спроведување на НАП е дека усогласувањето со стандардите на Конвенцијата не е приоритетно прашање за државата, а особено не во услови на криза.

Загрижувачки слаба имплементација се забележува на активностите кои имаат за цел превенција од насилство врз жени и семејно насилство.

Потребно е да се направи ревизија на целокупниот национален план и да се предложат рокови за имплементација кои ќе одговараат на реалната состојба. Дополнително, согласно ревидираниот национален план, надлежните институции да изработат оперативни планови за 2021 година.

Воспоставувањето механизам за следење на имплементацијата на НАП (формирање посебно тело за следење на имплементацијата) е од клучна важност за унапредување на системот на спречување и заштита од родово базирано насилство.

Повеќе за овој извештај може да прочитате на следниот линк.

Документот е изработен во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Шведската фондација Квина тил Квина, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости