Тренинг на тема „ Покажи го твојот идентитет”

Во периодот од 06 до 13 април, 2014 година, членови на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, беа учесници на тренингот организиран од групата „Хајде да…” од Србија, за перформанс арт на тема „Покажи го твојот идентитет”.

На овој седум дневен интернационален тренинг беа поканети учесници од Исланд, Србија, Италија, Босна и Херцеговина, Македонија и Шпанија.

Целите на тренингот беа поделени на два дела: 1. Во првиот дел од тренингот се истражуваа и градеа капацитетите на учесниците како да го откријат својот  идентитет, да ја дефинираат сопствената улога од аспект на семејството, културата, обичаите, религијата, традицијата, сексуалната ориентација, како битни сегменти во креацијата на нечиј идентитет. Со барање на сопствениот и разбирање на туѓите идентитети, учесниците можеа да ги разберат корените и темелите на стереотипите и предрасудите кон различни маргинализирани групи. 2. Вториот дел на обуката беше фокусиран на запознавање со перформанс арт и начините на кои може да се искористи како алатка за поттикнување и истакнување на важноста за решавање на одредени прашања, влијание  и промена на  јавното мислење, како и во спроведување на локални кампањи.

Како финален производ од овој тренинг, учесниците подготвија перформанс кој беше изведен пред публика. Темата на перформансот беше презентирање на облиците на  дискриминација врз различни маргинализирани групи, а специфичните теми на неколкуте дела на перформансот беа избрани од самите учесници поттикнати од состојбите во нивните земји.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во