Трибина на тема „Родова еднаквост во професиите“

Една од предвидените активности во рамки на Младинската инцијатива „ЗУМИРАЈ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО“ беше и организирање на трибина „Родова еднаквост во професиите“. Настанот се одржа во општинската сала во Велес, со почеток во 13:00 часот.

Трибината започна со воведен говор на организаторката Александра Алексовска од младински клуб Велес, потоа следеше и говор на претставничката од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Елена Димушевска. Поканети панелисти на оваа трибина беа: Жанета Чаушевска (градоначалник на општина Градско), Славица Петровска (тренер во женски фудбалски клуб Борец, Велес), Бети Даљанкова (единствен женски инструктор за возачи во Велес), и Нада Бениќ (авиомеханичар во воздухопловство на Р.М.).

Целта на оваа панел дискусија беше јавно да се дискутира за постоење/непостоење на  родова еднаквост во професиите. Панелистите го споделија нивното искуство, како е да се работи една професија што во општеството е гледана како “типично машка/женска”, со кои предизвици се соочувале поради тоа и кои се нивните гледишта во однос на изборот на професија кај младата популација и влијанието на веќе воспоставените општествени норми и вредности за донесување на таа одлука.

На крајот на панел дискусијата беше промовирано и Stop motion видеото кое го изработи младинскиот тим од Велес.

Младинската иницијатива за превенција на родово базирано насилство: “Зумирај родово базирано насилство” е имплементирана од средношколци од Велес и е поддржана од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и локалната канцеларија на UN WOMEN во Скопје.

За stop motion видеото стиснете тука

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во