Годишна конференција на Европската мрежа против насилство врз жени (WAVE)

Европската мрежа против насилство врз жени (Women Against Violence Europe) ја организираше 15тата по ред годишна конференција во Софија, Бугарија од 10 до 12 Октомври, 2013. Темата на конференцијата беше „ЖИВОТ ОСЛОБОДЕН ОД НАСИЛСТВО – Човеково право на жените и нивните деца или игра на среќа?“.

На конференцијата беа отворени и дискутирани многу прашања поврзани со насилството врз жените и девојчињата меѓу кои:  „Превенирање на насилство и фемициди – каде е одговорноста на државата?“;  „Зајакнување на одговорот на насилството врз жените – улогата на здравствениот сектор“; „Сексуално насилство – заборавено, но важно  прашање“; „Профеминистички пристапи во работата со сторителите на насилство“; „Женските права се човекови права – насилството врз жените како прекршување на човековите права“; „Градење на национални мрежи и коалиции за борба против насилство врз жените“ и др.

Особен фокус беше ставен на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство (Истанбулска Конвенција). Промовирана како „Златен стандард“ и неопходност секоја држава да ја потпише и ратификува, конвенцијата е досега најсеопфатниот меѓународен документ кој предвидува превенција, заштита на жртвите и гонење на сторителите.

На конференцијата присуствуваа 200 претставници/чки од 33 земји во Европа, како и Канада и САД. Исто така имаше претставници и од Советот на Европа, Еропскиот суд за човекови права, Европскиот парламент, Европската комисија, Агенција за фундаментални права на Европската унија, Фондот за население на Обединетите нации  и Светска здравствеа организација.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е членка на WAVE од 2012 година и  со свој претставник присуствуваше на конференцијата.

Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на http://www.wave-network.org/content/report-15th-wave-conference-2013-now-available-online#overlay-context=users/miriam

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во