10.10.2019:Женските права и родовата еднаквост во Северна Македонија, настан организиран од Британската амбасада во Р. Северна Македонија

По иницијатива на британската амбасадорка Рејчел Галовеј беше организиран настан на тема Женските права и родовата еднаквост во Северна Македонија. Беа поканети женски граѓански организации кои работат на национално и на локално ниво. Претставничка на мрежата беше присутна на настанот. По поздравното обраќање на британската амбасадорка, беше отворена дискусија за случувањата во областа на родовата еднаквост со фокус на економските и интерсекциските нееднаквости/ предизвици со кои се соочуваат жените од најранливите категории. Исто така се зборуваше и за родово базираното насилство, како и сексуалното и репродуктивното здравје  и права на жените. Настанот заврши со сумирање на наодите и дискусија околу идните активности.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во