07.08.2019: Повик за учество на обука “WRITING INSTEAD OF FIGHTING“

Обуката е организирана од групата „Ајде да…“ од Р. Србија во партнерство со организации од Р.С. Македонија и Босна и Херцеговина. Времетраењето на обуката е од 28-ми септември до 3-ти октомври 2019 година во Сремски Карловци – Србија.

Кој може да учествува:

Млади луѓе, тренери/лидери кои се активно вклучени во младински организации (по 7 претставници од секоја земја);

Млади луѓе кои работат со или припаѓаат на маргинализирани групи (како што се млади Роми, млади со пречки во развојот, млади од рурални средини, млади од етнички малцинства, млади ЛГБТ, млади со историја на насилство и др.);

Подготвеност за активно учество во целата програма на англиски јазик.

Петдневната обука ќе вклучи:

Обработка на книжевни дела и подигнување на свеста на учесниците за растечкиот екстремизам, ксенофобијата и фашизмот во Западен Балкан и Европа, справување со минатото, идентитетот, културата, обичаите, семејството, религијата, вредностите;

Истражување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат денес во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија и разговарање за концептот идентитет, култура, обичаи, семејство, религија, вредности, фашизам, екстремизам, справување со минатото итн.;

Обучување на учесниците за тоа како да дизајнираат и имплементираат изведби на големи настани, на улица, јавен превоз и на кое било кое место што може да го користат голем број на луѓе.;

За време на обуката ќе се создадат перформансни материјали што ќе бидат презентирани пред публиката во форма на претстави и драмски сцени.

Пополнетите апликации треба да ги испратите на: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 10-ти септември.

Апликацијата за пријава за учество на обука може да ја превземете од тука.

Организаторите ќе ги покријат трошоците за обуката, како што се: сместување и храна, материјал за обука и патни трошоци. Подетални информации за обуката може да најдете тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости