Регионален форум со кандидат(к)и за градоначалници во Вардарски регион

На 6. Октомври 2017 г. (петок), во хотел „Романтик“ – Велес, се одржа третата и последна Регионална средба со кандидат(к)и за градоначалници и носител(к)и на советнички листи за Вардарскиот регион, во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружението на еднородителски семејства „Една Може“.

Целта на средбата беше претставување на потребата од преземање на конкретни мерки на локално ниво и обезбедување на средства од локалната самоуправа за унапредување на пристапот до сервиси за жените и децата жртви на насилство. За таа цел, беше подготвена Јавна заложба за Унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство, која кандидат(к)ите за градоначалници беа поканети да ја потпишат, како значаен чекор кон унапредување на системската заштита на жените и девојчињата од сите видови насилство.

Јавната заложба за унапредување на сервисите на поддршка за жените и децата жртви на насилство ја потпишаа 14 кандидати и кандидатки (од вкупно 25) од Вардарскиот регион:

  • Аце Коцевски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Велес
  • Славчо Чадиев (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Велес
  • Жанета Чаушевска (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Градско
  • Роберт Бешовски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Градско
  • Трајче Димитриев (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Демир Капија
  • Лазар Петров (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Демир Капија
  • Јордан Илиевски (Коалиција предводена ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Лозово
  • Ацо Велковски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Лозово
  • Тони Делков (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Неготино
  • Златко Пенков (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Неготино
  • Бранко Јанев (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Росоман
  • Стојанче Лазов (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Росоман
  • Сашо Велковски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Свети Николе
  • Зоран Здравевски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Чашка

Пред средбата, на сите кандидат(к)и им беше испратено Јавно барање и Предлог политика за воспоставување на пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански регион. За одржувањето на Регионалната средба и потпишувањето на Јавната заложба беа известени сите кандидат(к)и за градоначалници и носител(к)и на советнички листи, преку медиумите, по електронски пат и преку нивните политички партии.

Јавна заложба на македонски и албански.

Агенда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости