04.12.2017: Соопштение за јавност: Отворен Интервентен женски фонд

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина – Интервентен женски фонд. Отворањето и промоцијата на фондот е во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Идејата за ваков фонд постои одамна, особено земајќи го во предвид фактот што голем дел од жените жртви не го пријавуваат насилството и и не ја напуштат насилната врска поради економската ситуација и недоволната финансиска моќ да ги покријат сите трошоци. Одлуката за отворањето на овој фонд дојде по донацијата од страна на претходниот Градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, кој за 8ми март годинава (2017) на Националната мрежа ѝ донираше 90.000 денари, средства пренаменети од осмомартовската прослава. Оваа донација е и првата донација во Фондот.

Фондот ќе биде наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Иницијалната помош ќе биде за обезбедување на медицинска документација, извештаи од специјалисти, за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска.

Националната мрежа изготви критериуми за тоа кој би можел да добие средства од фондот, како и за процесот на доделување на средствата.  Еден од основните критериуми е жената да биде подготвена да ја напушти насилната средина.

За полнење на фондот, покрај повикот до локалната самоуправа и до приватните фирми, Националната мрежа ги повикува и сите физички лица кои сакаат да помогнат на жените жртви на насилство,  да донираат:

Броеви за донации: 

ОнеВИП – 143 477                                                      

Телеком – 143 300

Жиро сметка за донации: 200003247799194,  Стопанска Банка АД-Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во