(Галерија) Конференција „Превенција и спречување на насилство врз жени со попреченост: Состојбата во државата и препораки“

На 02 декември 2015 година, во хотел Бест Вестерн се одржа конференција на тема „Превенција и спречување на насилство врз жени со попреченост: Состојбата во државата  и препораки“. Организатори на настанот се Националната мрежа и Х.Е.Р.А – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Конференцијата е во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување одржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Кампањата „16 дена активизам“ е поддржана  и од шведската фондација Квина тил Квина.

Aгендa

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во