Регионален форум со кандидат(к)и за градоначалници во Полошки регион

На 2. Октомври 2017 г. (понеделник) во хотел „Лирак“ Тетово, од 12 до 14 часот се одржа Регионална средба за кандидат(к)и за градоначалници и носители на советнички листи за Полошкиот регион, во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружението на еднородителски семејства „Една Може“.

Целта на средбата беше претставување на потребата од преземање на конкретни мерки на локално ниво и обезбедување на средства од локалната самоуправа за унапредување на пристапот до сервиси за жените и децата жртви на насилство. За таа цел, беше подготвена Јавна заложба за Унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство, која кандидат(к)ите за градоначалници беа поканети да ја потпишат.

Јавната заложба на кандидат(к)ите за градоначалници дека ќе посветат должно внимание на овој проблем кој ја засега половина од популацијата во општините (жените) претставува значаен чекор кон унапредување на системската заштита на жените и девојчињата од сите видови насилство.

Од вкупно 44 кандидат(к)и во 9 општини во Полошкиот регион (Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Теарце и Тетово), Јавната заложба беше потпишана од 11 кандидат(к)и за градоначалници.

Кандидати за градоначалници кои ја потпишаа Јавната заложба во Полошкиот регион се:

  • Стојан Тодороски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Брвеница
  • Дафина Стојаноска (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Гостивар
  • Арбен Таравари (Алијанса за Албанците) – Општина Гостивар
  • Фатмир Изаири (ДУИ) – Општина Желино
  • Тони Коцески (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Јегуновце
  • Алим Билали (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Маврово и Ростуше
  • Медат Куртовски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Маврово и Ростуше
  • Војо Гоговски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Теарце
  • Горан Манојлоски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Тетово
  • Теута Арифи (ДУИ) – Општина Тетово
  • Атнан Незири (Алијанса на Албанците) – Општина Тетово

Пред средбата, на сите кандидат(к)и им беше испратено Јавно барање и Предлог политика за воспоставување на пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански регион. За одржувањето на Регионалната средба и потпишувањето на Јавната заложба беа известени сите кандидат(к)и за градоначалници и носител(к)и на советнички листи, преку медиумите, по електронски пат и преку нивните политички партии.

Јавна заложба на македонски и албански.

Агенда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во