Избрана најдобра младинска иницијатива „Зумирај родово базирано насилство“

 На конкурсот за Избор на Најдобра Младинска Иницијатива трочлената комисија ја избра иницијативата на младинскиот тим  од Велес со наслов  „ЗУМИРАЈ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО“.

Како дел од активностит на оваа иницијатива беше спроведена  teaser  кампања на  фејсбук, https://www.facebook.com/zumiraj и беше активиран блогот  http://zoommladinskainicijativa.wordpress.com/ каде што младите ќе имаат простор да споделуваат најразличнни содржини поврзани со превенција и подигнување на свеста кај граѓаните за родово базираното насилство.

На 08.10.2013 год. младинскиот тим организираше изложба во младинскиот парк во Велес на тема „ЗУМИРАЈ РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ“.  Ученици од две основни училишта во Велес ги изложија своите цртежи преку кои покажаа што тие подразбираат под родова рамноправност и родово базирано насилство. На учениците од основните училишта им беа поделени и сертификати за учество.

На изложбата и предходеа врснички едукации во средните училишта во Велес, на кои средношколците имаа можност да ги споделат своите размислувања и дилеми во однос на овие прашања.  Во подготовка е и краток документарен филм со кои младите ќе ја пренесат и пораката на оваа иницијатива. Како последна активност е предвидено организирање на трибина на тема „Родова еднаквост во професиите“ на која збор ќе земат граѓани со нетипични „машко/женски професии“. На трибината ке биде промовирано и stop motion видетото изработено од младинскиот тим.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во