01.04.2019: Започна спроведување на истражување за Пристап до фондови на женски граѓански организации

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со 8 женски организации од шест земји од Западен Балкан презеде иницијатива за спроведување на истражување насочено кон испитување на финансиските трендови во областа на женските права и родовата еднаквост во земјите од Западен Балкан, со поддршка на фондацијата  “Квина тил Квина”, а финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.

Целта на истражувањето е да се подобри достапноста на информациите за финансирање на групите кои ги застапуваат правата на жените и да се подигне свеста на донаторите за потребите на женските граѓански организации и видовите на финансиски модалитети кои најдобро ќе одговорат на нивните потреби. Исто така ова истражување ќе даде дополнителни информации за внатрешните и надворешните трендови кои влијаат на одлуките за донаторско финансирање, како и за можностите за стратегии за соработка за мобилизирање на ресурси помеѓу донаторите и женските граѓански организации.

Финалниот документ со наоди од спроведеното истражување ќе биде објавен на почетокот на 2020 година.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости