Насилството врз жените во сите свои форми претставува кршење на човековите права. Тоа не е нешто што било која култура, религија или традиција го пропагира.
Мишел Бачелет - Висок комесар за човекови права на Обединетите Нации
Како прашање на човековите права, заложбата да се стави крај на насилството врз жените станува обврска на владите, не само добра идеја
Шарлот Банч - Феминистка, авторка и лидерка на движења за женски и човекови права
Како што расизмот е проблем на белите луѓе (белците), така насилството врз жените е проблем на мажите
Глорија Стајнем - Феминистка, новинарка и активистка за општествено политички прашања
Се уште не сме го направиле насилството врз жените абнормално, невообичаено, неприфатливо. Се уште не сме почнале да го гледаме како патолошки проблем
Ив Енслер - Американска авторка, сценаристика, активистка, феминистка
Previous
Next

Насилството врз жените не е изолирана појава или исклучок која ги засега индивидуалните права на жените и девојчињата, туку е глобален проблем и редовна појава во патријархалната матрица на стереотипни родови улоги и злоупотреба на моќ. Насилството предизвикува сериозни краткорочни и долгорочни физички, психолошки, сексуални и економски последици кај жените и сериозно го попречува нивното учеството и придонес кон општествениот развој и напредок. Токму затоа одговорноста за намалување на ризиците од појава од насилството и заштита на жените ја бараме кај локалните и националните власти кои треба да испратат јасна порака за неприфатливоста на насилството и сериозна заложба за системски промени кои ќе водат до соодветен, навремен и сеопфатен одговор кон проблемот.

Услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство

Специјализираните услуги за помош и поддршка се фокусираат на специфичните индивидуални потреби на секоја жена која преживеала некаква форма на насилство. Давателките на услуги преку своите знаења и вештини даваат приоритет на искуствата на жените кои преживеале насилство со цел превенирање од повторно враќање во насилната средина. Користејќи го овој пристап, давателките на услуги создаваат поддржувачка средина во која се почитуваат правата на жените и во која се третираат достоинствено и почитувано.

Прочитај повеќе

Прекини го кругот на насилство!

Имаш права, информирај се и донеси ја правилната одлука за себе и своите деца.

Насилството врз жените и децата можеме да го спречиме ако не го игнорираме, туку го пријавиме иим дадеме поддршка на жртвите да ја напуштат насилната средина. Пријавувањето на насилството е првиот чекор!

Активности

Донирај во интервентниот женски фонд

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина – Интервентен женски фонд. Отворањето и промоцијата на фондот се случи во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“ во 2017 година.

Соопштенија за јавност

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Дознај Повеќе

„Двојно убиство во Куманово, сопругот си ја убил сопругата и нејзината мајка , а потоа се самоубил.“ „Масакрирана жена со 40 убоди од нож убиена од страна на нејзиниот поранешен партнер пред прагот на својата куќа во Кочани.“

Ова се насловите во медиумите за убиствата кои само за еден месец се случија во Македонија. Три фемициди извршени на свиреп начин, на кои им