Второ Собрание на Националната Мрежа

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство на ден 20.02.2013 година го одржа своето второ Собрание. На Собранието присуствуваа вкупно 24 претставнички на Мрежата од 20 членки организации.

Второто Собрание на Националната мрежа го отвори извршната директорка со дефинирање на точките за дискусија и агендата за работа. На ова Собрание беа разгледани  и усвоени измените и дополнувањата на следните документи: Правилник за комуникација, кој што треба да воспостави стандарди и правила во меѓусебното комуницирање на членките на Мрежата, Етички кодекс, кој што ги пропишува задолжителните стандарди на однесување на членките на Мрежата, Формулар за тренери / експерти, кој што има за цел на едно место да собере податоци за капацитетите со кои што располага Националната Мрежа за да може истите соодветно да се користат согласно потребите на членките и Формулар за пријавени случаи на насилство врз жени, со цел унифицирање и стандардизирање на податоците за насилство врз жените со кои што ќе располага Мрежата.

По усвојувањето на овие документи, се разгледуваа барањата за прием на нови членови, а како резултат произлезе потреба за измени и дополнувања на Статутот околу членството во Националната Мрежа, поради што барањата за членство во Мрежата беа ставени во мирување. Под точка разно, Собранието го разгледуваше и усвои и предлогот за воведување на чланарина како фонд за одредени итни акции на Мрежата.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во