„Ти не си виновна!“ – марш за женски права по повод 8 Март

„Патријархатот ми е судија, и ме суди што сум се родила, како казна ми доделува, насилства што не гледаш. Не сум јас виновна таму што сум отишла, ни како сум се облекла. Силувачот си ти!“

На 8 март, заедно со Платформата за родова еднаквост и активистките и активистите за женски права, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни граѓанки на нашето општество, оваа година марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.

Поттикнати од случајот „Јавна Соба“, овој марш гласно и недвосмислено го посветивме на жртвите на каков било вид на родово базирано насилство, славејќи ја секоја борба, секој отпор, секој глас.

На Плоштадот Филип 2 го прочитавме Прогласот за женски права со којшто повикавме на воведување на сеопфатно, сексуално образование во Северна Македонија како и адекватна, навремена и ефикасна превенција, заштита и поддршка на жртвите на родово базирано насилство, од сите институции кои се дел од системот за заштита и строго санкционирање на секое постапување.

Брзо решение нема, но родовата еднаквост како вредност мора да е императив во воспитувањето и образованието. Затоа, државата како потписничка на Истанбулската конвенција (Конвенцијата за спречување и борбата против насилство врз жените и семејното насилство) е обврзана да ги презема сите постоечки мерки во сите случаи на родово базирано насилство.

Протестниот марш го завршиме во паркот Жена Борец, каде што имавме завршен перформанс, изведувајќи адаптација на песната „Силувачот си ти!“ која прерасна во светска химна за неправдите и родово базираното насилство врз жените.

Фотогалерија: Ванчо Џамбаски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во