Принципи на работа на Националната мрежа

Принципи на односот кон проблемот на насилство врз жените и семејното насилство

Почитување на женските човекови права – Мрежата ги препознава женските човекови права и ги третира согласно важечките меѓународни конвенции и декларации;
Родово-сензитивен пристап кон проблемот на насилство врз жените и семејно насилство – Насилството врз жените не е индивидуален, повремен акт на лошо однесување, туку е системски, структурно и длабоко вкоренетo во историските односи на нееднаквост помеѓу мажите и жените. Овој пристап значи насилство насочено кон жената само затоа што таа е жена, или пак насилство кое несразмерно ги погаѓа жените. Семејното насилство е еднa од формите низ која се манифестира насилството врз жените;
Осуда на насилството – Нема оправдување за било каква форма на родово засновано насилство, вклучително и семејно насилство;
Застапување на интересите на жртвите – Жените жртви на насилство никогаш не се виновни за насилството кое што го трпат. Насилникот е одговорен за своето однесување;
Пристап базиран на функционални практики – Превенцијата и справувањето со проблемот на насилство врз жените се заснова врз меѓународно прифатени стандарди и добри практики.

Принципи на соработка помеѓу организациите членки на мрежата

Солидарност и соработка на членките – Солидарноста подразбира меѓусебно поддржување и соработка на жените во рамки на организациите, на организациите меѓу себе, како и соработка со владиниот и невладиниот сектор;
Транспарентност – Работата на Мрежата и на членките организации е јавна и се базира на пристапност и размена на информации.