10.05.2012: Работна група за креирање на новата Национална стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015

На 09.05 2012 беше одржана втората средба на работната група за креирање на Националната стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015. На истата присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука,, Министерство за правда, Генералниот секретаријат на Р. Македонија, претстваници од агенциите на Обединедите Нации, како и две претставнички од Мрежата.

На почетокот на средбата беа презентирани резултатите постигнати со предходната Стратегија и анализата на состојбата во последните три години, по што се премина кон креирање на стратешките цели и активности за новата стратегија. Беше нагласена важноста за поголемо вклучување на невладиниот сектор во имплеметирањето на активностите предвидени со новата стратегија преку обезбедување на диреткни сервиси за жртвите на семејно насилство. Целиот процес беше потпомогнат од избраниот национален консултант за изработка на новата стратегија за семејно насилство, проф. Стојанка Мирчева.

До крајот на месецот планирано е да се одржи уште една дводневна средба на која ке се финализира новата национална стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015.

Со цел унапредување на директните сервиси кои се обезбедуваат за жртвите на семејно насилство, Мрежата ќе организира три средби со фокус групи во Скопје, Свети Николе и Тетово, на кои ќе учествуваат жени жртви на насилство кои некогаш користеле некои од овие услуги. Се очекува да се добијат препораки за недостатоците во обезбедување на директните сервиси.

Националната стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015 треба да биде усвоена најдоцна до 30 јуни 2012.

Сподели

Со поддршка од