10.03.2013: Работилница на тема: „Придобивките од ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и заштита од сите облици на насилство врз жените и семејно насилство“

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во рамките на проектот „Застапување за унапредување на политиките/стратегиите за спречување на насилството врз жените“ поддржан од UNWOMAN на ден 06.03.2013 година во хотел Сити парк во Скопје,  организираше еднодневна работилница со  членките на мрежата на тема „Придобивките од ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и заштита од сите облици на насилство врз жените и семејно насилство“.

Работилницата ги опфати следните теми: цел, основни принципи и дефиниции на Конвенцијата на Советот на  Европа, превенција, заштита и поддршка, општи и специјализирани сервиси и улогата на граѓанските организации и истата беше водена од доц. д-р. Стојанка Мирчевска од ИСППИ и Софија Спасовска од МТСП.

Работилницата беше интерактивна, со можност за вклучување на учесниците и развивање на дискусија. На почетокот и на крајот на работилницата на учесниците им беше поделен Квиз на тема “Колку добро ги познаваме препораките на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и справување со сите облици на насилство врз жените и семејно насилство?“ со цел да се утврдат нивните познавања од Конвенцијата пред и по одржувањето на работилницата.

Како дел од следните чекори на Националната Мрежа во насока на ратификацијата на оваа Конвенција, беше одржана и првата работна група со членките на Мрежата кои што заедно со ангажираниот експерт ќе работат на подготовка на драфт верзија на предратификациониот план за акција.

За потребите на работилницата, како и за идните акции поврзани со Конвенцијата на Советот на Европа, Националната мрежа направи превод на Конвенцијата и на придружните материјали од официјалната страна на Советот на Европа.

За да ја превземете Конвенцијата на македонски јазик кликнете овде.

За да ги превземете придружните материјали кликнете Еднаквост , 12 Чекори , Преглед на Конвенцијата , Насилство врз жени и домашно насилство .

Сподели

Со поддршка од