22.04.2013: Работен состанок за измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош

Две членки на мрежата присуствуваа на состанокот на работната група во Министерството за правда одржан на 10.04.2013 година, формирана за подготовка на измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош. Постоечкиот ЗПП има некои недостатоци кои го отежнуваат или оневозможуваат обезбедувањето на оваа услуга од страна на граѓанските организации. Ова особено се однесува на премногу високите критериуми за запишување во Регистарот за организации кои нудат предходна правна помош која ГОи повеќе од шест години ја обезбедуваат за жртвите на семејно насилство. Од друга страна, и самите жртви имаат потешкотии за остварување на ова право поради неисполнување на поставените критериуми. Со тенденција за лобирање за промена на простоечкиот ЗПП беше фомирана и работна група во рамки на Националната мрежа која подготви предлог измении дополнувања на овој закон. Писмо со барање за вклучување во работната група во рамки на Министерството за правда беше испратено до министерот г-дин Беџети. За период од една недела беше добиен позитивен одговор од страна на Министерството и двете претставнички беа поканети да присуствуваат на состаноците и да ги презентираат предлозите за измени и дополнувања што ги подготви работната група во рамки на Мрежата.

До крајот на месец мај ќе се одржат уште неколку средби на работната група во склоп на министерството за правда во насока на дефинирање на предлог измените и дополнувања, кои пак треба да бидат подготвени и испратени на разгледување најдоцна до почетокот на месец јуни, 2013 година.

Сподели

Со поддршка од