Позитивно родителство

Родителството е прекрасно.

Родителството е предизвик.

Родителството се учи.

Со цел да обезбедиме помош на родителите и старателите во нашата земја, во нивното остварување на родителската улога, а со тоа и да го поддржиме правилниот раст и развој на децата, во партнерство во УНИЦЕФ  ја отворивме бесплатната Националната линија за позитивно родителство.

Телефонската линија за позитивно родителство 075/230-530 е отворена секој ден од 15:00 до 20:00 часот, вклучувајќи ги и викендите. Таа обезбедува анонимна, доверлива, бесплатна и лесно достапна помош и поддршка за сите родителите/старатели и членови на семејството кои се вклучени во грижата и воспитувањето на детето/децата.

Со јавување на линијата, корисничките/корисниците можат да добијат:

-низа совети од стручните лица за позитивно родителство со цел да се унапреди врската родител-дете;

-поддршка и алатки за надградба на родителските вештини и самодоверба;

-помош за подобро разбирање на сопствениот родителски стил;

-сеопфатно насочено советување и секојдневно следење на постигнатиот напредок заедно со советниците;

-советување на родителите и старателите за подигање на децата во сигурна и грижлива семејна средина;

-практични совети за соодветно одговарање на бихевиоралните и емоционалните потреби или промени кај детето (од раѓање до адолесценција), но и како адекватно да се одговори на секојдневните предизвици, а со тоа да се придонесе кон превенција од непосакуван развој во односот родител-дете, како и превенција и заштита од сите облици на насилство врз деца.

За повеќе содржини поврзани со позитивното родителство следете нè на нашиот Фејсбук профил, или јавете ни се уште денес на 075 230 530.

Тука сме за вас!

Сподели

Со поддршка од