17.09.2018: Повик за учество на Школа за женски активизам

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, организира школа за женски активизам која има за цел создавање на информирана младина која активно ќе учествува во општествениот живот и ќе се залага за остварување на правата на достоинствен живот без насилство, со особен фокус на жените и девојките.  Унапредувањето на знаењата за постоењето на различни форми на насилство врз жените  и семејно насилство придонесува кон креирање на општество со зголемена свест и  нулта толеранција кон родово базираното насилство, општество кое овозможува еднакви можности за сите. Школата за женски активизам се одржува во рамки на проект поддржан од општина Центар.

Националната мрежа, ги повикува сите средношколки, заинтересирани да научат повеќе за родовата рамноправност, родовите улоги, стереотипи, предрасуди и родово базирано насилство да се пријават на школата за женски активизам.

Школата за женски активизам ќе се содржи од два дела:

1.Теоретски и интерактивни работилници

2.Спроведување иницијатива за унапредување на родовата рамноправност на територија на општина Центар

Теоретските и интерактивните работилници ќе бидат на темите: родова рамноправност и родово базирано насилство, а по завршување на теоретскиот дел од школата за женски активизам, учесничките, под менторство на тимот на Националната мрежа, ќе имаат можност да развијат и спроведат иницијатива за родов проблем, кој најмногу ги инспирира и поттикнува. Работилниците од школата ќе се одвиваат во секоја сабота од месец октомври, а иницијативите ќе се подготвуваат и спроведуваат во месец ноември и декември.

На крајот на школата учесничките ќе добијат и сертификат за активно учество.

Ги охрабруваме сите заинтересирани средношколки (на возраст од 15 до 18 години) кои сакаат да го унапредат своето знаење и сите они кои сакаат со своите идеи да придонесат кон намалување на родовите стеротипи кои секојдневно ги среќаваме низ нашиот град, најдоцна до 10 октомври 2018, да испратат CV и писмо за мотивација на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Или пак пополнете апликација на кликнувајќи тука.

За дополнителни информации, можете да се обратите на горенаведената е-маил адреса.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости