28.06.2013: Обука за врснички едукатори „Важноста на младинскиот активизам во превенција на родово базираното насилство“

Од 25.06.2013 до 27.06.2013 во Куќа на Уметноста – Кичево се одржа тродневен тренинг за млади на тема ‘’Важноста на младинскиот активизам во превенција на родово базирано насилство ‘. На тренингот беа поканети 14 млади, средношколци од Велес, Радовиш и Куманово, и студенти од институтите за родови студии, психологија, социјална работа и политика и дефектологија. Учесниците на тренингот веќе беа запознаени со проблемот на родово базираното насилство преку едукативните работилници кои беа организирани во повеќе од 15 средни училишта и факултети во пет града во државата.

Со програмата опфатена со тренингот младите се стекнаа со теоретски знаења од областа на насилство врз жените вклучувајќи го и семејното насилство и последиците од овие две негативни појави, насилни партнерски врски, дискриминација и родови предрасуди и нивните ефекти, како и начини за развивање и планирање на идеи за иницијативи за подигнување на свеста за препознавање на различните облици на насилство врз жените.

Основната идеја за организирање на тренингот е да придонесе кон активирање на младите во борбата против насилството врз жените преку унапредување на нивните знаења на тема насилство врз жените, како и создавање на родово сензитивна младина која е основа за создавање општество со нулта толеранција за насилството врз жените, како и подигање на општата свест во насока на намалување и исчезнување на овој феномен во иднината.

Оваа активност е во рамки на проектот „Застапување за унапредување на политиките/ стратегиите за спречување на сите облици на насилство врз жените“ поддржан од локалната канцеларија на UNWOMEN во Скопје.

Сподели

Со поддршка од