25.11.2012: Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја започнува кампањата „Кажи НЕ на насилството врз жените“

Во рамките на оваа кампања ќе се организираат јавни дебати и културни настани во насока на актуелизирање и зголемување на свеста за препознавање на сите облици на насилство врз жените. Дебатите на тема „Насилството врз жените – колку оваа појава се препознава во нашето општество?“ ке се одржат во Куманово, Штип, Струмица, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Битола, Прилеп, Тетово. Кампањата започнува на 26.11.2012 година со промоција на истражувањето „Како до безбеден и сигурен простор за жените и девојките?“ спроведено од Реактор – Истражување во акција, која што ќе се одржи во хотел Арка со почеток во 10 часот. Со оваа кампања Националната мрежа се приклучува кон глобалната кампања на Генералниот Секретар на Обединетите Нации „UNiTE – ОБЕДИНЕТИ против насилството врз жените и девојките“.

NasilstvoBBMAK1

Сподели

Со поддршка од