Запознајте ја нашата работа, визија и мисија

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е формирана на 7 декември 2010 год. од дваесет граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Во годината која следуваше функциониравме како неформална мрежа сè до 16 декември 2011 год., кога и официјално се регистриравме како правен субјект.

Нашата визија и мисија

Мисијата на Мрежата е координирано делување на граѓанските организации кон унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство. Целта на Мрежата е признавање и унапредување на човековите права на жените во Република Македонија.
Визијата на Мрежата е да создаде општество без насилство, во кое жените ќе можат целосно да ги развиваат своите потенцијали и активно да учествуваат во креирањето на заедници на еднакви можности.

Организациите-членки на мрежата се со различна големина, од мали грас-рут организации до поголеми организации кои работат на национално ниво. Нашите членки се од различно етничко потекло и обезбедуваат поддршка на жените од сите етнички групи, независно од нивниот социо-економски статус.

Нашиот пристап кон насилството врз жените и семејното насилство се темели на препознавање и заштита на човековите права на жените во согласност со релевантните меѓународни конвенции и декларации; родово-сензитивен пристап кон насилството врз жените и семејното насилство; осуда на секој вид на родово базирано насилство бидејќи не постои оправдување за каква било форма на насилство врз жените, вклучително и за семејно насилство; застапување на интересите на жртвите; пристап кој се темели на функционални практики; солидарност и соработка помеѓу организациите-членки и транспарентност во работењето на Мрежата.

Стани член

Организациите-членки на мрежата се со различна големина, од мали грас-рут организации до поголеми организации кои работат на национално ниво.