Принципи на работа на Националната мрежа

Принципи на односот кон проблемот на Насилство врз жените и Семејното насилство

 Почитување на женските човекови праваМрежата ги препознава женските човекови права и ги третира согласно важечките меѓународни конвенции и декларации;

Родово-сензитивен пристап кон проблемот на насилство врз жените и семејно насилствоНасилството врз жените не е индивидуален, повремен акт на лошо однесување туку е системски, структурно и длабоко вкоренето во историските односи на нееднаквост помеѓу мажите и жените. Овој пристап значи насилство насочено кон жената само затоа што таа е жена, или пак насилство кое несразмерно ги погаѓа жените.Семејното насилство е едно од формите низ која се манифестира насилство врз жените;

Осуда на насилствотоНема оправдување за било каква форма на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство;

Застапување на интересите на жртвитеЖените жртви на насилство никогаш не се виновни за насилството кое што го трпат. Насилникот е одговорен за своето однесување;

Пристап базиран на функционални практикиПревенцијата и справувањето со проблемот на насилство врз жените се заснова врз меѓународно прифатени стандарди и добри практики;

 

Принципи на соработка помеѓу организациите членки на мрежата

Солидарност и соработка на членките - Солидарноста подразбира меѓусебно поддржување и соработка на жените во рамки на организациите, на организациите меѓу себе, како и соработка со владиниот и невладиниот сектор.

Транспарентност - Работата на мрежата и на членките организации е јавна и се базира на пристапност и размена на информации.

 

Сподели

Со поддршка од